Што се реализира, а што уште треба да се направи од договореното

Сподели

Dogovor-1-2

Партиите и институциите, две недели откако преставниците на четирите политички партии постигнаа договор за формирање преодна што која треба да ги организира изборите, се придржуваат до ситерокови што се предвидени во договорот.

Преостанува:

  • 18 август – Краен рок за пријавување на спорните гласачи во ДИК;
  • 19 август – Формирање на ад хок тело за медиуми;
  • 31 август – Краен рок за лидерска средба;
  • 2 септември – Опозицијата именува главен и одговорен уредник на МРТВ (доколку изборите се одржат на 11 декември);
  • 2 септември – Суспендирање на измените во Законот за МВР во однос на надлежностите на министерот (доколку изборите се одржат на 11 декември).

Исполнето:

  • 23 јули – Пратениците во Собранието ги изгласаа измените во Изборниот законик;
  • 25 јули – ДИК го објави списокот со 39.502 спорни гласачи;
  • 28 јули – Пратениците ги изгласаа измените во Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка и за Законот за Влада.