Во рамките на големиот градски парк, започнаа работите за изградба на инклузивен парк со површина од 675 метри квадратни, каде децата, вклучително и оние со посебни потреби, ќе се дружат и ќе играат заедно.
Инклузивниот социјален парк ќе се уреди со татран заради безбедноста на посетителите и ќе биде опремен со безбедни игри и реквизити со високи стандарди.
Овој пројект доаѓа како резултат на апликацијата со овој проект од страна на Општина Гостивар до Бирото за регионален развој на Полог и Министерството за труд и социјална политика, информираат од Општина Гостивар.