Автобус и комбе вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Сподели

 

На 25 август, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на еден автобус и едно комбе кои вршеле меѓународен превоз на патници.
 
При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57 од с.Визбегово, скопско и комбе со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
 
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции.