Барселона веќе втора сезона се навикнува на живот без Лионел Меси, кој мораше да го напушти клубот минатото лето.
Оттогаш на Ноу Камп имаше многу промени, а сега во тимот на Чави Ернандез се појави нов талент кој го нарекуваат „мини Меси“.
Станува збор за Ламине Џамал, 15-годишно момче кое е толку талентирано што веќе тренира со првиот тим на Барселона и се вели дека веќе е фан на Чави!
Како што пишува „Марка“, младиот Џамал е еден од најголемите таленти во „Ла Масија“ на Барса. Минатиот викенд Барселона гостуваше во Севиља, а Чави ги повика најталентираните играчи на клубот да тренираат со првиот тим.
Џамал го привлече вниманието, а настапува за младинскиот тим чиј тренер е Оскар Лопез. Тоа значи дека Џамал ќе игра за Барселона во младинската Лига на шампиони иако има само 15 години.
Lamine Yamal was called up to train with the first team today. He is 15 years old. Xavi really likes the player.
— @martinezferran pic.twitter.com/6NiorAZMW4
— Barça Universal (@BarcaUniversal) September 4, 2022
Се вели дека дриблингот е неговиот најголем и највпечатлив адут, но е и многу ефикасен пред голот.
Може да игра десно од тројца напаѓачи, како напаѓач, но и како офанзивен играч за врска зад напаѓачите.
Ламине е роден на 13 јули 2007 година, кога Меси веќе имаше една освоена Лига на шампиони во кариерата, а неговото потекло е од Мароко и Екваторијална Гвинеја.
Во 2019 година, Ла Лига објави видео од тогаш 12-годишното момче и го опиша како „мини Лео Меси“.
The post (ВИДЕО) Ова момче има 15 години и го викаат ,,Мини Меси,, – Веќе тренира со првиот тим, а Чави го обожува! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico