Утре започнува првиот Фестивал на книгата пред СЦ “Борис Трајковски”

Сподели

 

Утре започнува првиот Фестивал на книгата на отворено пред СЦ Борис Трајковски кој ќе трае сè до 12 септември.

“Скопје чита!” е мотото на фестивалот, а посетителите преку посета на фестивалот и набавка на омилената литература ќе уживаат во богатата понуда.

На Фестивалот на книгата ќе се претстават 30-тина издавачки куќи со изданија од голем број домашни и странски автори, стручна литература, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Посетителите од утре со почеток во 10:00 часот веќе ќе можат да ги разгледуваат најновите наслови на македонските издавачи, а во попладневните часови ќе уживаат во добра музика за која ќе се погрижат DJ Брус и DJ Џон Антонио, каде околу специјализираното катче за читање се очекува да има убава и опуштена атмосфера.

Во рамките на фестивалот е предвидено да има и кафетерија и катче за храна.

Работно време на фестивалот од 10:00 до 20:30 часот. Билетите ќе може да се набават на билетарите пред влезот и чинат 50 денари.

Учесници на фестивалот: Акадамеска книга, Издавачки центар Три, Паблишер, Сакам книги, Топер, Антолог, Култура, КСЦ-Полица, Светот на Биби, Едука мак, Бата Пресс, Магор, Или или, Бегемот, Темплум, Чудна шума, Сказнувалка, Бункер, Книгоманија, Логос А, Фуркан, Мартина комерц, АД Вербум, Божилак…