Изложба “Над вода – под вода” на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил

Сподели

 

На 15 септември, четврток, во Галеријата Рудиќ, со почеток од 20 часот, ќе се отвори заедничката изложба на фотографии на Ема Кушевска и Михајло Филиповиќ – Фил, на тема “Над вода – под вода”.

 

 

Љубовта кон природата и фотографијата, особено кон водите, ги поттикна да избегаат од градот и веќе 12 години живеат на струшкото крајбрежје, крај езерото кое е вечна инспирација за секој уметник.

 

                фотографија: Михајло Филиповиќ – Фил

 

На овој навидум мал простор, тие секојдневно пронаоѓаат нови мотиви, го запознаваат богатството на ендемската флора и фауна, ги откриваат убавините на четирите годишни времиња, а лете подводниот свет на нашето прекрасно Охридско езеро.

 

       фотографија Ема Кушевска

 

Денот е прекраток, како што велат, да се регистрираат и овековечат сите случувања на малото по површина, но големо пространство со своите чудесии, од изгрејсонце, до зајдисонце.

 

 

Фил, роден во Хрватска, професионален фотограф и нуркач, ги замени солените јадрански води со слатката охридска и на оваа изложба ни’ го пренесува подводниот свет на тишината.

 

 

 

 

Ема, родена во Скопје, чија прва љубов е сликарството, овие 12 години својот уметнички порив го изразува преку објективот на својата камера. Иако и таа обожува подводна фотографија, на оваа изложба ќе се претстави со надводниот свет, онака, како таа го доживува.

 

 

 

Ова е само мал дел од нивното творештво, во надеж дека во иднина повторно ќе имаат можност на јавноста да и’ ги претстават своите дела. Изложбата ќе трае до 8 октомври 2022 година.