Претседателот на Собранието на РС Македонија, Талат Џафери, писмено го информираше Христијан Мицкоски како овластен предлагач на иницијативата за распишување на референдум за важноста на ратификацијата на Договорот со Р. Бугарија, дека таков референдум не може да се распише.
„Во член 118 во Уставот на РС Македонија е утврдено дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во членот 8 алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на РС Македонија е и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право. Поради горе наведеното доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво“, стои во писменотот известување на спикерот Џафери до Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.