Ковачевски: Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Сподели

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје упати честитка до граѓаните.

“Денеска го одбележуваме 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Ден кога се сеќаваме на херојството, кога им се поклонуваме на жртвите и борците кои се бореа храбро за секоја улица на градот, и на овој ден пред 78 години, на граѓаните на Скопје им ја донесоа долгоочекуваната слобода. Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град.

Во мое лично име и во името на Владата на Република Северна Македонија, сакам да изразам длабока почит кон сите оние кои го дадоа својот живот за слободата на Скопје, и кон сите борци кои сведочат за еден од најзначајните денови во историјата на главниот град.

Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.”