МНР: По експлозијата во Истанбул не се пријавени наши државјани кои побарале помош

Сподели

 

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија со крајно загриженост ја следи ситуацијата по последната трагична експлозија во Истанбул; во вонредна функција се ставени Генерален конзулат во Итанбул како и Амбасадата во Анкара. 
 
Информираме дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош; притоа напоменуваме дека при евентуална потреба за помош нашите државјани може да нѐ контактират на дежурните телефонски броеви: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.