На 13 ноември 1970 година за првпат ќе се отворат вратите на новата зграда на МСУ

Сподели

 

Во квечерината на 13’ти ноември 1970 година за прв пат ќе се отворат вратите на новата зграда на Музејот на современата уметност во Скопје. Воведната реч ја има Блаже Конески кој тогаш бил претседател на МАНУ.
 
 
 
 
Неговиот говор ќе биде залог за она што треба овој музеј да претставува за сите нас. Ова се настаните кои му претходат на овој исклучителен момент.
Трагичен земјотрес уништува 80% од градот Скопје, град трет по големина во Југославија, стопански, политички, културен и научен центар. Многу земји од светот ќе се обединат да го подигнат Скопје од рушевините. Полска понудила концепциски проект – бил избран Музејот на современата уметност кој требал да ги собере збирките што биле подарени од други држави на уништениот град. Полската влада ќе распише јавен конкурс на кој победуваат “Тигрите”. Врвно архитектонско студио од Полска. Проектот што бил создаден во нивното студио ги исполнил тешките конкурсни услови определени од тогашните власти на Скопје и од стручни лица. “Тигрите” создале модерен, функционален објект што се вклопува во околината и кој бил израз на тогашното модерно мислење за уметноста и за начините за нејзино презентирање.
 
Во 1969 веќе се видливи носечките столбови на новата Современа! На 13 ноември 1970 публиката за прв пат ќе влезе во Музејот на современата уметност – Скопје
 
Нека ни е честит “13 Ноември”!