Народен театар Битола слави 78 години

Сподели

 

Битолскиот театар како најстар театар во земјава годинава слави 78 години од првиот македонски збор изговорен на театарските штици. На 14 ноември 1944 година е изведена едночинката на Владо Малевски “Ѓоре Магаревски“ во режија на Димче Стефановски.

Денешниот роденден е 78 години непрекината дејност, а тоае навистина голема бројка и по тој повод НТБ денес ќе има целодневно чествување.

Одбележувањето ќе започне во 9.30 часотк кога најмладите гледачи ќе го проследат едукативно театарскиот пeрформанс “Зошто го сакам театарот“. Во 19 часот ќе биде отворена изложбата на театарски портрети од ликовниот уметник Кирил Геговски, а во 20 часот колажот “За нашиот театар“.