На 15-ти декември во 19 часот во Europe House Skopje, ќе имаме можност да го видиме документарниот филм AS I WANT на палестинската режисерка Самахер Алкади. Настанот е соработка помеѓу Тиииит! Инк. и Амбасадата на Кралството Холандија.
AS I WANT е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каирп, на плоштадот Тахрир на 25 јануари 2013 година, на денот на втората годишнина од ревплуцијата.Како одговпр на овие сексуални напади, огромна толпа гневни жени излегуваат на улиците, а Алкади им се придружува, земајќи ја нејзината камера со себе како заштита, но и за документирање на протестите на растечкиот женски бунт. Сето ова е испреплетено со нејзината лична приказна, нејзиното забременување и односот со нејзината почината мајка.
AS I WANT е клучен, тежок политички документ, есеистички филм и патување навнатре во кое индивидуалната еманципација е поврзана со колективниот процес на ослобпдување во арапскиот свет.
По проекцијата на филмот ќе следи разговор со учесничките Албулена Карага и Мерсиха Смаиловиќ модериран од страна на Ана Василева. Разговорот ќе е птвпрен за учествп на сите присутни.
Албулена Карага е феминистка и мировна активистка. Работи на полето на изградба на мир, мировно образование, соочување со минатото и родова правда. Верува силно во моќта на образованието за општествена промена. Има завршено додипломски студии за Политички студии и меѓународни односи и постдипломски студии за Мир и трансформација на конфликти.
Мерсиха Смаиловиќ е активистка за човекови права и претседателка на НВО ЛЕГИС Скопје. Мерсиха е активна на полето на застапување за правата на бегалците и мигрантите, дискриминацијата, исламофобијата, родовата еднаквост и борбата против говорот на омраза. Таа е активно вклучена во бројни хуманитарни мисии на глобално и локално ниво.
Ана Василева, феминистка и активистка за женски права, работи како преведувачка и толкувачка, коавторка на иницијативата за женска усна историја ПичПрич. Активно се залага за подигнување на јавната свест во врска со родовите прашања и промовирање политики на солидарност и колективна одговорност.