Награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за Александар Трајковски и Лаура Папранику-Бејтула

Сподели

 

Утре, во Кристалната сала во Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ ќе ја додели наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2022 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварување во областа на публицистиката му се доделува на Александар Трајковски, а за остварување во областа на новинарството наградата ѝ се доделува на Лаура Папранику-Бејтула.