Запленети 2.400 парчиња пиротехнички средства во Скопје

Сподели

 

Денескаво 11.00 часот на ул. „Јусуф Гарвала“ во Скопје, по преземени мерки и активности за откривање на нелегална продажба на пиротехнички средства, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје пронајдоа 2.356 различни видови пиротехнички средства.

Пиротехничките средства биле одземени, а по расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.