“ЛАЈКА” доби котел, донација од активистите

Сподели

 

Активиститe за заштита на животни уште еднаш на дело ја покажаа својата голема хуманост. Тие денес донираа котел и негова инсталација за бездомните кучиња во ЈП Лајка.
 
Котелот веќе е поставен и ќе биде пуштен во употреба, па кучињата кои транзитираат во прифатилиштето “Лајка„ ќе имаат топол престој оваа зима за време на нивниот хуман третман.
 
Со изнаоѓање на решение за овој проблем, кучињата во ЈП Лајка нема да ја почувствуваат ниту оваа сезона студената зима. Неизмерно сме им благодарни на активистите како и досега за нивните заложби во нашата заедничка хумана мисија, изјавија од ЈП ЛАЈКА.
 
Оваа донација ќе ги згрее бездомните кучиња во ЈП Лајка, но и срцата на сите љубители на овие шепасти пријатели, кои се грижат за нивната благосостојба.