Владата го задолжи е Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.01.2023 година, при што се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.01.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата и тоа:
- за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.01.2023 година (понеделник);
- за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.01.2023 година (вторник);
- за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.02.2023 година (среда) и
- за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 02.02.2023 година (четврток).