Од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.
Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики), информираат од ЈСП.
Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје (www.facebook.com/jspskopjee).