Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово изјави дека не може да стане збор за никакво политичко чествување.
– Најважно е да направиме добра организација и да имаме чествување како што му доликува на Гоце Делчев и мислам дека во ниту еден случај не може да стане збор за никакво политичко чествување, рече Спасовски.
Ниедна политичка партија не може да присвои лик, Делчев е великан на македонскиот народ.
Едно да бидат сигурни граѓаните – никако нема да дозволиме навреди и организација на понижување на македонската држава и македонскиот народ.
Со мирно и достоинствено чествување ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со еден посебен почит знаеме да чествуваме денови кои се важни за нашата историја.