Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик министерот за финансии Филип Николоски, заедно со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Едмонд Адеми, советник на Премиерот за надворешни работи денеска со положување на свежо цвеќе оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во градскиот парк во Скопје.