Град Скопје: Сочувство до градоначалникот на Газиантеп, Турција

Сподели

 

“Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газиантеп, Р.Турција”, соопштуваат од Град Скопје.
 
“До градоначалникот на Газиантеп испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.
 
Градот Скопје е град на солидарност кој никогаш нема да ја заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.
 
До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес.”