Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски поднесе оставка

Сподели

 

Генералниот секретар на Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски, денеска до претседателот на Владата Димитар Ковачевски поднесе оставка на функцијата заменик-министер за локална самоуправа.

 

 

Причините за оставката се наведени во соопштението од Седницата на Централниот совет на Демократскиот сојуз, одржана на 13.02.2023, откако беше одлучено да не се поддржи реконструкцијата на Владата на Република Македонија, соопштуваат од Демократскиот сојуз.

Зоран Димитровски ја извршуваше функцијата заменик-министер за локална самоуправа од септември, 2020 година.