Џафери на средба со првиот претседавач на македонското собрание, Никола Стојановски

Сподели

 

Денес претседателот на Собранието, Талат Џафери, беше домаќин на првиот претседавач на првото повеќепартиско Собрание, д-р Никола Стојаноски, кој како најстар избран пратеник ја имаше таа чест и одговорност на 8 јануари 1991 година.

 

Повод за денешниот прием беше заедничкото одбележување на неговиот 100-ти роденден, меѓутоа и одлична прилика да се слушне непосредно од д-р Стојаноски за чувството и искуството кое го доживеал на тој толку значаен историски ден од поставувањето на темелите на повеќепартиското Собрание и градењето на еден нов почеток за државата, нов за сите присутни на таа пленарна седница. Истовремено, горд што сепак успеал да ја исполни својата должност без забелешки. Во искрениот и непосреден разговор со присутните, почитуваниот д-р Стојаноски, со сиот свој позитивизам и енергија, упати порака до присутните и до следните генерации дека постарата генерација се потпира на тоа дека младата генерација ќе стори подобро и поубаво од претходните генерации за да биде добро за сите, и за државата и за народот.

Претседателот Џафери и сите присутни на средбата му посакаа на д-р Стојаноски добро здравје и уште многу родендени и идни средби во законодавниот  дом.