Поради ѕвездата во тимот си ја намали платата, титулата му беше поважна – Ако ја сака куќата и таа ќе му ја дадам!

Сподели

Loading

Еден од најдобрите напаѓачи на овој век, на самиот крај на кариерата, речиси бесплатно игра за Милан.

фото: Marco Luzzani/Getty Images

Златан Ибрахимовиќ претрпе многу во текот на претходната сезона, не можеше да биде на теренот додека соиграчите одеа по титулата во Серија А, а многумина не знаат каква жртва направи.

Покрај тоа што беше еден од најважните луѓе во соблекувалната, го креваше тимот во тешки моменти со шампионски менталитет и често држеше мотивациони говори пред натпреварите.

Ибра се откажа и од пари. Тој објасни дека се уште има желба да игра фудбал и да се натпреварува со помлади ривали, но и со соиграчи кои му ја „одземаат“ минутажата на теренот.

“Му ветив на тренерот дека ќе ја одложам операцијата за да му помогнам на тимот. Ви велам, никогаш не сум страдал како минатата сезона за да го освојам трофејот. Ако не си поставувам цели ќе се опуштам и ќе се чувствувам како да припаѓам во минатото. Не, јас припаѓам на сегашноста. Сакам да се борам со соиграчите со минути. Во спротивно, не би бил тука“, изјави Ибрахимовиќ.

Беше прашан дали може да го убеди Рафаел Леа, најдобриот играч на Милан минатата сезона, да потпише нов договор.

Актуелниот договор меѓу Португалецот и италијанскиот клуб е со важност до 2024 година, а преговорите се водат веќе со месеци.

„Си ја намалив платата за да му дадат повеќе пари. Речиси играм бесплатно. Ако ја сакате мојата куќа, ќе ви ја дадам и неа“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

фото: Marco Luzzani/Getty Images

Ибрахимовиќ синоќа по повеќе месечна пауза поради операцијата на коленото, повторно истрча на терените во дерби дуелот против Аталанта во победата од 2-0.

Со оваа победа Милан сега е на второто место со 47 бода колку што има и нивниот градски ривал Интер. Прв и недостижен е тимот на Наполи со 65 бода.

Милан во следното коло игра против Фиорентина нагости.

The post Поради ѕвездата во тимот си ја намали платата, титулата му беше поважна – Ако ја сака куќата и таа ќе му ја дадам! first appeared on .

Powered by WPeMatico