Нови дојави за бомби во 18 скопски училишта

Сподели

 

Утрово, до 08.20 часот e пријавено дека на електронските адреси на 18 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаит, соопштуваат од МВР.