Во текот на вчерашниот ден (02.03.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 157 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.