Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, се обрати на свеченото одбележување на 17 март – Ден на основање на Црвениот крст и Ден на крводарителството во РС Македонија.
Во рамки на одбележувањето, министерот Меџити додели плакети на општинските организации на Црвениот крст со реализирани најголем број крводарувања, минатата година.
Министерството за здравство во континуитет ги поддржува акциите на Црвениот крст, а токму во насока на унапредување на крводарителството, Министерството изготвува и посебна програма.
-Преку чинот на дарување крв и во иднина ќе се стремиме кон напорите за обезбедување крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствениот систем во РСМ. Честитки по повод денешниот ден и ви посакувам натамошни успеси во годините кои се пред нас, посебно на сите волонтери, крводарители и мотиватори, кои преку сопствениот позитивен пример се пример и за целокупната заедница, истакна министерот Меџити во своето обраќање на овој настан.