Санкционирани се 800 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 800 возачи.

Од нив 44 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 506 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 294 надвор од населено место.
 
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.