Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 29 март до 2 април во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје, од 10 до 20 часот.
На Саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, но и на декоративни подлоги и елементи и секако на оригинални решенија за ентериерот.
Партнер на годинашното издание на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје, која на посетителите на саемот ќе им понуди атрактивни кредитни производи за купување на посакуваните парчиња мебел.