(ФОТО) Убавицата која му ја уништува кариерата на овој спортист – Го разведе Боатенг, а го заведе и Коби Брајант!

Сподели

Loading

Италијанскиот тенисер Матео Беретини очајно ја започна сезоната, а медиумите ја обвинуваат неговата девојка – Мелиса Сата!

Имено, поранешниот финалист на Вимблдон беше поразен на стартот на Австралија опен, Индијан Велс и Мајами, а ништо подобро не помина ниту на челинџ турнирите.

Беретини се најде на удар на јавноста поради неговата љубовна врска, а сега проговори и ја разјасни ситуацијата.

Имено, тенисерот е со својата сонародничка Мелиса Сата, ТВ водителка која е чест актер на написи во жолтиот печат. Освен што е 11 години постара, на 37 години, Сата зад себе има и многу турбулентен живот.

Родена во Бостон, беше мажена за Кевин Принс Боатенг, германски фудбалер кој играше во бројни италијански клубови, меѓу кои се издвојува Милан.

Таа има дете со него. Се забавуваше со Кристијан Виери, а медиумите тврдат дека таа била причината за бракоразводната парница што ја поднесе сопругата на покојниот Коби Брајант во 2011 година, бидејќи таа наводно ја поминала ноќта со него во хотел во САД.

Целата оваа приказна за Сата предизвика многу критики од тениските стручњаци во Италија, дури се огласи и легендарниот 89-годишен Никола Пјетраангели, кој го обвини Матео дека ја изгубил професионалната концентрација, дека наместо тенисот, повеќе го интересира славата и забавен живот.

На Беретини му дојде се преку глава, па одговори во интервју за римска „Република“.

,,Во љубовна врска сум како и сите други млади. Тоа е сосема нормално, многу позитивно чувство. Не ми пречи критиката на хејтерите, туку на луѓето кои разбираат тенис. Воопшто не ги разбирам нивните мотиви.

Матео тврди дека ништо во неговиот живот не се променило откако ја запознал Сата.

,,Јас сум истата личност како и секогаш, воопшто не сум се оддалечил од тенисот. Лично немам ни трошка сомнеж дека добро си ја работам работата.

Беретини ги коментира неговите нешто послаби резултати и оние на другите италијански тенисери.

,,Сето тоа е нормално, ние сме луѓе од крв и месо. Има многу нереални очекувања од нас, бидејќи луѓето мислат дека сите можат да бидат како големата тројка, дека можат постојано да победуваат. Разбирам дека сме навикнати Федерер, Џоковиќ и Надал да доминираат толку години, но тоа не е нормално.

The post (ФОТО) Убавицата која му ја уништува кариерата на овој спортист – Го разведе Боатенг, а го заведе и Коби Брајант! first appeared on .

Powered by WPeMatico