Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 97 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 67 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.