Незадоволните во ДУИ, кои во јавноста се познати како „Огнена група“, а кои од минатата сабота функционираат како фракција во ДУИ, ги демантираат шпекулациите дека ќе преминат во партијата Беса.
Веста дека ќе се приклучат кон Беса, која ја објавија дел од македонските медиуми, ја нарекуваат невистина, притоа додавајќи дека борбата за демократизација, транспарентност, воспоставување на принципот меритократија и отчетност во рамките на Демократската унија за интеграција ќе се интензивира во наредниот период.
На Огнената група на која и даваат поддршка 1/3 од гласачите на ДУИ не и е местото надвор од ДУИ, туку треба да отстапат тие кои немаат ниту гласачи, ниту реализирани проекти, со што ќе се создаде место за млади подготвени и компетентни кадри кои ја знаат и ја сакаат ДУИ, велат од оваа фракција на ДУИ.