Министерот Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание

Сподели

 

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со координаторите на пратеничките групи во Собрание.

Средбата помина во конструктивна атмосфера. Министерот Лога ги информираше претставниците на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците за работната група за изборни реформи, потребата од имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во Изборниот законик како и  иницијативата за нов Изборен Законик.

Се дискутираше и за законодавната агенда, законите кои се предложени од Министерството за правда како и можностите  за нивно побрзо  усвојување во Парламентот. Договорено е вакви средби во Собранието да се одржат и во наредниот период а соработката со пратениците да се интензивира.

 

Од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:

 
  • Цветанка Иванова-СДСМ
  • Арбр Адеми-ДУИ
  • Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците
  • Соња Мираковска-НСДП
  • Нано Ружин-ЛДП
  • Христа Најданов-ДОМ
  • Темелко Ристески-Партија на пензионери
  • Раметула Куќи-ДПА
  • Еран Куртиш-Партија за движење на Турците
  • Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците
 
Пристигнати предлози од институции:
 
  • Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија
  • Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања
  • Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи
 
Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава.
Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени.
Владата е предлагач на уставните измени.
 
Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.
 
Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови.