Младите од Фракцијата на ДУИ: Не си играјте со нашата судбина, ние не сме ваши игри на среќа

Сподели

 

Младите се иднината на една држава, но денес, за жал, мораме да потсетиме дека во оваа држава оваа Влада не исклучи од агендата. А со нас играат баш како со игри на среќа кои од ден на ден се отвораат во форма на казина и обложувалници ,- потенцираа Младите од Фракцијата на ДУИ на денешната прес конференција.

Тие ги обвинија министрите Албанци дека на место на младите да им отвораат библиотеки, работни места или младински центри, тие им отвораат обложувалници.

-Од овде сакаме да алармираме денес, освен што секојдневно не терате да ја напуштаме државата, дополнително со игрите на среќа ни го носите злото на врата. Наместо да ни отворате библиотеки, работни места или младински центри, вие ни отворате обложувалници. Ни ја загрозувате иднината како млади луѓе, ја загрозувате нашата финансиска состојба како и нашиот ментален мир, рече потпретседателот на Форумот на Младите на ДУИ и претставник од Фракцијата, Јетмир Асани. Тој додаде дека се загрижени за формирањето на новата видео лотарија од страна на владата на Северна Македонија.

-Чувствуваме загриженост што ќе се формира нова видео лотарија од страна на владата на Македонија, со што подразбираме дека апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. Дали разбирате дека младите се поподложни на влијанието на коцкањето отколку возрасните?, додаде Асани.

Тој потсети на анкетата спроведена од Движењето Антикоцкање за влијанието на игрите врз младите, каде се забележува дека 58% од анкетираните млади барем еднаш играле во казино, обложувалница или онлајн казино. Додека уште поалармантно е што во оваа анкета се вели дека 67 од испитаниците изјавиле дека за прв пат играле на возраст од 8 до 18 години.

“Во Северна Македонија имаме повеќе од 1200 казина, обложувалници и онлајн казина, додека имаме 109 средни училишта, 227 библиотеки и 20 младински центри, што значи 3 пати повеќе. Затоа решивме да реагираме на оваа одлука на извршната власт и ги поттикнуваме нашите министри и нашата влада да размислат повеќе за изградба на можности за младите да се развиваат во својот академски и социјален живот, рече Асани.

Истовремено, младите ја повикуваа владата на игрите на среќа подобро да размислат дека ако по 10.000 млади луѓе годишно ја напуштиле државата, оваа бројка ќе биде многу поголема благодарение на владините политики кои немаат ништо за младите.

-Ама имате политики како да основате повеќе компании за игри на среќа и тие да се диригираат од ваши блиски луѓе од кои 3 члена на новата Видеолотарија се токму блиски на министрите од ДУИ. Затоа ви кажуваме да не си играте со нашата судбина затоа што ние не сме ваши игри на среќа. Ако не се одразувате, ќе преземеме дополнителни чекори користејќи различни демократски методи за да го запреме ова зло во општеството”, рече Асани.