Jавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“

Сподели

 

Министерството за здравство предводено од д-р Фатмир Меџити, одржа јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, изработена од Управата за електронско здравство “Мој Термин”, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.
 
-“На новата платформа Е-Здравство, ќе бидат достапни сите информации и новости поврзани со дигиталните процеси. Ова е од особена важност посебно во делот за имунизација, бидејќи токму денес почнува и Меѓународната недела на имунизација.
 
Е-здравство има и посебен дел посветен на имунизација, со што им овозможува на родителите, старателите и на општата јавност пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место”, истакна министерот Меџити во своето обраќање.
 
Ве охрабруваме сите да ја користите оваа веб платформа како алатка и да ја препорачате како извор за лесен пристап до проверени информации.