ДС: Наместо едно општество за сите, цела држава за ДУИ

Сподели

 

ДУИ КАКО КОЗА НОСТРА И НДРАНГЕТА, АМА ОД ПОЗИЦИЈА НА ВЛАСТ

Генералниот секретар на Демократскиот сојуз Зоран Димитровски вчера гостуваше во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ. Ова се акценти од неговото интервју.

“ДУИ создаде атмосфера во државата на недопирливост на нивната политичка елита. Јас правам споредби со Коза Ностра и Ндрангета во Италија. Но, ако овие мафијаши во Италија денес се пикнати во дувлата во Неапол и во Палермо и се кријат од органите на прогонот, кај нас елитата на ДУИ со дрска ароганција игра фудбал во луксузните кабинети на Владата, демонстрирајќи етничка надмоќ, но истовремено поставуваат обвинители, судии, менуваат претседатели на судски совет, буквално демонстрираaт дека во оваа држава можат да прават што сакаат. И на тоа на наредните избори мора да му дојде крајот, зашто не е тоа само демонстрација на етничка надмоќ, тоа е и демонстрација на мафијашка моќ, моќ која што покажува дека луѓето треба да се плашат од нив. И обичните Албанци имаат проблем со таков тип на однесување.

Фрустрацијата кај јавноста се јавува затоа што тоа ни го прават и ни се смеат в лице ни велат можеме да ве владееме можеме да поставуваме обвинители, судии, и вие можете да ни плукнете под прозорец. И тоа е нашиот гнев, заради е тоа гневен народот, затоа што не може да трпи таков тип на однесување од позиција на силеџии, имаме класично силеџиско однесување и на политичката елита на ДУИ, но и дел на политичката елита на СДСМ која слугувајќи им ги практикува истите чекори.

 

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТЕТОВО СЕ ПЛАШАТ ОД РЕТОРИКАТА НА КАСАМИ

ДУИ го јавна криминалниот коњ, Билал Касами веднаш зема да го јава националистичкиот коњ со своите изјави. Не можат поинаку албанските партии кога се на власт или во опозиција да реагираат освен овие две опции што ги имаат. Касами во предизборието за локалните избори во Тетово ветуваше дека ќе ги смени имињата на локалните училишта. Бидејќи реагираа и македонските политички партии во Тетово, тој неодамна изјави дека на пописот во Тетово Македонците се под 20 отсто и дека нема воопшто потреба да ги прашува другите политички партии за да донесе одлука за промена на имињата на училиштата. Но, Македонците се конститутивен народ во оваа држава и нивното гласање во локалната самоуправа треба да биде задолжително за прашања кои ги засегаат етничките заедници. Менување на имиња на училиштата треба да се направи со консензуз. Не велам дека некои албански личности од историјата, просветители итн. не заслужуваат имиња на училиштата, меѓутоа тоа не може да се прави арбитрерно. Тој национализам е за предизборни потреби, но Македонците во Тетово почнуваат да се плашат од таквата реторика.

 

НАМЕСТО ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, ЦЕЛА ДРЖАВА ЗА ДУИ

Заев изјавуваше во предизборието дека градиме едно општество за сите. Резултатот од изминативе 5 години власт на СДСМ и ДУИ, е дека наместо едно општество за сите ние направивме цела држава за ДУИ. Гледаме триумфалистичко однесување, демонстрација на етничка доминација и надмоќ од страна на ДУИ. Артан Груби во текот на кампањата против „огнените“ за да ја истакне етничката доминација на Албанците во Македонија спомна дека 41 отсто Албанци во моментов се вработени во државната администрација. Без оглед за каква бројка се работи и дали е точна, триумфалистичкото истакнување бројки сведочи за политичка несозреаност. Наместо градење етнички соживот, се гради етнички ретрограден концепт кој што говори во прилог на тоа дека Албанците треба да доминираат со ова општество и оваа држава. Ние ќе мора да направиме сериозно преиспитување на исполнувањето на Бадентер, затоа што ако Рамковниот договор не се почитува онака како што во него пишува, вклучително и рамноправната и правична застапеност тогаш оваа држава нема да функционира. Ако претходно Албанците се чувствувале дискриминирани затоа што немале доволно процентуална застапеност во сите органи на власта, во овој случај ние ги доведуваме Македонците во позиција на апартхејд.

Не треба да бидеме шовинисти и да не го почитуваме правото Албанец да биде на политичка функција, па и на највисоките, претседател, премиер тоа не е воопшто спорно, спорно е да се демонстрира етничка и политичка надмоќ над Македонците, дека еве сега сме ние газди на државата. Но тоа се политичките елити, а обичните луѓе, албанскиот народ не е никаков газда на државата, тие се исто така сиромашни, исто така се иселуваат, на ист начин немаат вработувања, на ист начин власта ги рекетира нивните бизнисмени. 

СДСМ И ДУИ СЕ АНТИЕВРОПСКА ВЛАДА И ГЛАВЕН КОЧНИЧАР НА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Главен кочничар на евроинтеграциските процеси е актуелната влада на СДСМ и ДУИ. Според сѐ што прават, како да водат антиевропска агенда во Македонија, а не европска. Да бидете сигурни дека во извдештајот на ЕУ за напредокот до крајот на годината за Македонија ќе влезе договорот со Бехтел-Енка, ќе се зборува за неговата нетранспарентност, за сите узурпации што ги прават, за кршењата на законите, на европските стандарди. Сѐ што прават во Македонија е антиевропски, од потезите во судството, обвинителството, корупцијата, на сите рамништа се антиевропска коалиција на власт. Дури и по прашањето за влегувањето на Бугарите во Уставот тие се главните кочничари на евроинтегративниот процес. Зошто? Затоа што знаат долги месеци дека прашањето треба да влезе во парламентот. Нели имаат рокови до крајот на ноември треба да се смени Уставот за да почнат реално преговорите со ЕУ. Зошто не го стават предлогот на седница на парламентот, веднаш ќе се знае дали има 80 пратеници или нема, ќе се расчисти дилемата. Ако има, Македонија ќе ги почне преговорите во ноември, ако нема, мора да се распишат избори. Но, тие не сакаат да се расчистат работите, неодговорно купуваат време за еден ден повеќе на власт и ја доведуваат државата во лимбо, во незавидна состојба. Власта е нелегитимна по сите прашања, не само по прашањето на измените на Уставот. Со избори ќе се врати легитимитетот. На овој начин со одолговлекување се кочи целиот процес на интеграција во ЕУ. Веднаш да има избори, ќе дојде до формирање легитимна влада, прашањето ќе биде порелаксирано, ќе може и со Европа и со Бугарија да се побараат и да се добијат одредени гаранции. Зошто да не може една легитимна влада која ќе застане зад барањата на сите граѓани да дојде до подобри услови за да може да продолжат преговорите со ЕУ. Треба да се има иновативност и тоа може да случи за неколку месеци. Нема Македонија да биде блокирана со години.