Џафери на средба со Пратеничката група за соработка од Австрија

Сподели

 

Претседателот на Собранието Талат Џафери, имаше срдечна средба со делегацијата на Пратеничката група за соработка со Собранието на Република Северна Македонија од Австрија. Претседателот Џафери изрази лично задоволство од средбата при што се заблагодари и за постојаната поддршка на Австрија за Република Северна Македонија. Истакна дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и се надева дека овие средби на парламентарно ниво ќе придонесат кон понатамошно развивање на истите. Во продолжение, го објасни процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ искажувајќи надеж дека до наесен оваа година ќе се најде потребниот консензус во Собранието за усвојување на уставните измени кои се услов за конкретното отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската унија.

 

 

Претседателката на Групата за соработка од Австрија, Штефани Криспер, се заблагодари за приемот и изрази подготвеност од страна на групата за соработка за интензивирање на парламентарните односи помеѓу двете држави. Таа се осврна и на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и истакна дека, покрај уставните измени, во овој процес се многу важни реформите што се спроведуваат во државата со што земјата ќе биде поатрактивна за странските инвестиции. Во дискусијата се вклучија и други пратеници од Групата за соработка на Австрија кои изразија интерес за функционирањето на меѓу партиската соработка во Собранието, особено за процесот на Дијалогот Жан Моне.  

На крај на средбата, претседателот Џафери им посака на гостите пријатен престој и плодни разговори на следните средби во нашата земја.