Промоција на романот „Зборови“ од Јордан Коцевски

Сподели

 

Промоција на романот „Зборови“ од Јордан Коцевски во Градска библиотека Браќа Миладиновци – Скопје, 15 мај во 19 часот
 
Што сè би направиле за да можете да комуницирате со починатите кои многу ви недостасуваат?
Стефан се соочува со загубата на својата сопруга на сопствен начин, така што ја игнорира. За него, таа сè уште е присутна, во секој агол, во секој спомен, нејзината арома тлее насекаде…
Животот му се одвива во рутина, сè додека неврохирургот Филип не му предложи посебна операција со која би можел да го разбуди шестото сетило.
Тогаш сè што му останува се зборови, нивното значење и мирисот на душите.
„Ликовите кои се групирани околу (главниот лик) Стефан помагаат во неговото градење и трансформација, но и тие се трансформираат, мал универзум во кој овој познат свет се преклопува со еден суптилен невидлив, а присутен свет . Не би сакала да го наречам паранормален, зашто тој е многу повеќе од тоа, книжевен свет и со тоа белег на времето, белег прикажан на автентичен начин.“
Мерсиха Исмајлоска
 
 
*Jордан Коцевски е роден на 25.1.1983 година во Охрид. Во родниот град докторирал на Факултетот за туризам и угостителство.
Првата книга, збирката раскази „Време за живеење“, ја има објавено во 2001 г. Неговата стрип антологија во коавторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“ излезе од печат во 2014 г., а со истиот илустратор ја издаде и првата графичка новела „Витези од соседството“ во 2016 г.
Добитник е на две награди за стрипот „Our Eden“, додека неговата книга „Прозорецот“ беше наградена и објавена во електронска форма од страна на „Фондација Македоника“ во 2017 г. Автор е и на триесетина научни и стручни трудови од областа на туризмот и угостителството. Главен и одговорен уредник е на „(е)Лит“, електронско списание за книжевност и друга уметност.
Во 2021 година го објави својот прв роман „Тегли“, а вториот роман, „Заследи ме“, во 2022 година. Двете книги се во издание на „ПНВ Публикации“.
Живее во Охрид со сопругата и двете деца, каде што работи како туристички водич