Ивановска од ДКСК: Веќе се анализира договорот со „Бехтел и Енка“

Сподели

 

ДКСК отвори предмет за проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“, по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.

“Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците. Се е опфатено што е поврзано со овој предмет. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме”, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.