Изложба со наслов „Уметноста го обединува светот“ на група интернационални уметници, меѓу кои и од Македонија, е отворена викендов во палатата Албрици-Капело во Венеција, како паралелен настан на Биеналето на архитектурата Венеција 2023.
На изложбата учествуваат: Клара Афонсо од Португалија, Патриција Казагранда од Германија, Арлета Чехиќ од Босна и Херцеговина, Јулија Дјаченко, Владимир Мартинов, Дима Сухов и УЛАН од Русија, Хелга Елбен од Германија, Кенрио Хара од Јапонија, Марко Кусмук од Србија, Ана Монтанаро од Италија, Марија Павловска од Македонија/САД, а гостин на изложбата е Мице Јункуловски од Македонија.
Организатори на изложбата се Германско-италијанското друштво – АЦИТ (ACIT) во Венеција по идеја на Маријана Гнездилова од Русија, во соработка со „OKXSA Projects“, „Остен арт“ од Скопје и Галерија „СНЕГ“ од Москва.
Посетителите ќе може да ја разгледаат изложбата до 24 јуни 2023 година.