Одбележување на Св.Кирил и Методиј во Света Софија – Охрид

Сподели

 

Со концерт на гудачкиот ансамбл „Антео“, во црквата Света Софија во Охрид, отпочна дводневното одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј.

На концертот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на „Охридско лето” Наташа Поповиќ, пратеници, професори, научници, лингвисти, книжевници.

Ансамблот „Антео”, изведува музика на светот и ја инкорпорира во македонското звучно милје во кое се вткаени традицијата и современоста. 

 

Музика која е авторска, но која во себе содржи влијанија од музиката родена под поднебјата на Франција, Шпанија, Балканот – или спој од западните класични вредности во фузија со богатиот фолклор на различните народи кои живеат и творат на македонската почва. 

„Антео” свират музика со жар и страст, со разновидна ритмика и впечатливи мелодии кои создаваат слика на живописен пејзаж.

Во Охрид – балканскиот Ерусалем и седиштето на Охридската Архиепископија, преку низа настани ги празнуваме ликот и делото на основоположниците на словенската писменост, Светите Кирил и Методиј и нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија. 

Овој голем ден се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет, како ден на културата и просветата.