Жарко Јовановиќ е дел од ансамблот на Народен Театар Куманово
Активни претстави
- “Секс и лаги” во режија на Драгана Таневска… Претстава која добива награда “Најдобра претстава” на последното издание на фестивалот Денови на Комедија во Куманово.
- “12 Гневни луѓе” , режија Ирена Стеријовска
- “Вообразен болен” од Молиер во режија на Драгана Гунин
Моментално игра во претставата” За кого бијат камбаните” од Хемингвеј во режија на Мартин Кочовски, чија премиера беше почетокот на мај …
Со своето уникатно стенд ап шоу “Сам против сите” пред преполна сала публика учествуваше на затворањето на овогодинешниот театарскиот фестивал “Петре” (во чест на Петре Прличко).
Претходно, пред да биде дел од Кумановскиот театар играше и во Белград во театарот КПГТ – “Казалиште позориште гледалишче театар“… Театарот на Љубиша Ристиќ каде играле порано и уште играат македонски актери како Ана Костовска, Кирил Поп Христов и други…
Дел е од тв емисијата Еден на Еден, две сезони. Има свој сопствен Youtube канал Ајде да зажмуримо.