Мегаскандал во македонското здравство: Разрешен директорот на кардиохирургија д-р Јовев

Сподели

 

Веста дека министерот за здравство Меџити го смени директорот на Клиниката за државна кардиохирургија проф. Д-р Сашко Јовев, предизвика вистински шок во медицинските кругови и во пошироката македонска јавност. Особено фрапантно и крајно дегутантно беше неговото објаснување дека причина за неговата одлука наводно биле лошите резултати, неработењето и неспособноста на дирекоторот во раководењето со клиниката, која што според многумина во последните неколку години постигна највисоки дострели во кардиолошката дејност во овој регион.

Како што е познато под водство на проф. Д-р Јовев, на оваа клиника пред неколку години беше изведено првото вградување на вештачко срце, а една година подоцна и првата успешна трансплантација на човечко срце, по која следеа уште неколку такви операции кои се сметаат за највисоки успеси во современата кардиохирургија.

Д-р Јовев, меѓудругото беше добитник на државната награда Св.Климент Охридски во областа на медицината.

Што се однесува до министерот Меџити, инаку малку познат во медицинските кругови, на оваа должност дојде со помош на разни меѓупартиски пазарења, со најави дека ќе се зафател со групни реформи во здравството, кое според него е пред целосен распад и пропаст.

Како што дознаваме, докторите и целиот персонал на Клиниката за кардиохирургија, во знак на револт и несогласување со одлуката на министерот, најавуваат штрајк, со што ќе ја прекинат работата и ќе бараат враќање на д-р Јовев на досегашната должност, но и одговорност за несфатливата постапка на министерот Меџити.

Оттаму велат дека не сакаат нов директор затоа што под водството и пожртвуваноста на д-р Сашко Јовев, Клиниката и персоналот перфектно функционираат и досега се нижеа само успеси и големи подвизи.