Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, на 86-годишна возраст, кој боледуваше од леукемија.
Силвио Берлускони беше најбогатиот човек во земјата.
Берлускони ја водеше италијанската влада од 1994 до 2011 година, а неговата партија Форца Италија е партнер во моменталната владејачка коалиција во Италија.
Беше сопственик на неколку медиуми, а беше и сопственик и претседател на фудбалскиот клуб Милан.