Изложба “Родовите приказни низ објективот” на Ерина Богоева

Сподели

 

Изложбата „Родовите приказни низ објективот“ на Ерина Богоева, 22 јуни во 19.00 часот, во Национална Галерија Мала Станица-Скопје.
 
Ерина Богоева: Како фотограф, родовите приказни ми дојдоа во фокусот пред неколку години. Низ работа со многу креативни луѓе кои го искажуваат својот родов идентитет на многу различни начини успеав да научам многу и за тој идентитет и кај себе. Низ овие фотографии и кратки приказни на транс лица, дрег кралици, како и цис креативци сакам да покажам дека убавината навистина лежи во разноликоста иако некогаш таа, за жал, е маргинализирана. Сите портрети беа (и би биле) направени во простори каде личностите можат да си бидат најкомотни да се она што сакаат да бидат пред објективот и пред себе. Фотографиите содржат и дел автопортрети посветени на истата тема.
 
Овој проект беше започнат долго пред пандемијата, но откако се случи таа промена во светот, мислам дека оваа тема стана уште поважна. Откако моравме повеќе да се осврнеме кон себе, а помалку кон светот, мислам дека самото прашање на идентитет (родов, сексуален, професионален) стана подоминантно и живеењето во својата вистина излезе дека е од клучна важност.
 
Во потешките периоди низ историјата, една од добрите работи што се појавуваат на социјално ниво е емпатијата за другите. Па така, се надевам дека низ овие тешки години сме развиле малку повеќе емпатија како и за оние околу нас, така и за себе и дека би се прифатиле себеси, иако може излегуваме од стандардните шаблони.