Рамиз Мерко е на црната листа на САД поради корупција

Сподели

 

Соединетите Американски Држави го назначи градоначалникот на општина Струга, Северна Македонија, Рамиз Мерко, за генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави заради неговата инволвираност во значителна корупција, стои во изјавата на Метју Милер, портпарол на Стејт Департментот. Во неговата официјална функција градоначалник на Струга, Мерко злоупотребил финансиски средства и се мешал во судски и други јавни процеси, на тој начин оштетувајќи ги демократските институции и официјални лица во Северна Македонија.

Денешното назначување испраќа порака дека Соединетите Американски Држави стојат заедно со Северна Македонија во зацврстување на стабилноста преку јакнење на демократските институции и преку адресирање на недостатоците за владеење на правото. Ова назначување ја реафирмира заложбата на Соединетите Американски Држави во борбата против корупцијата кој му наштетува на јавниот интерес, го кочи економскиот развој на земјите и ја ограничува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на своите граѓани.

Ова јавно назначување е  донесено врз основа на Поглавје 7031 (ц) од Законот за Апропријации за Програми на Стејт Департментот, Странски Операции и Сродни Програми од 2023 година. Стејт Департментот исто така ги назначува сопругата на Мерко, Шпреса, и неговите три полнолетни деца, Генц, Назмије, и Дренуше како неподобни за влез во Соединетите Американски Држави.