Министерот Османи се сретна со кралот Чарлс Трети

Сподели

 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера во Лондон присуствуваше на приемот за шефовите на делегации во палатата Сент Џејмс, каде што присуствуваше и Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

“Во Палатата Сент Џејмс во Лондон на прием кај Неговото Величество Кралот Чарлс Трети. Благодарност за силната британска поддршка за Македонија. Негуваме одлични политички и економски односи, кои континуирано ги градиме во духот на меѓусебното пријателство и силно партнерство.

Кралот Чарлс има убави спомени од неговата историска посета на Скопје и Охрид, во 1998 година.
 
Оваа година одбележуваме јубилеј – три декади од воспоставување на нашите дипломатски односи”, напиша министерот Османи на својот официјален ФБ профил.