И официјално, капитенот Џон Тери и во следната сезона ќе го носи дресот на премиерлигашот Челзи.
Легендата на „сините“ на овој начин си ја исполни желбата, да остане во Лондон, во клубот во кој има 703 настапи во првата екипа од кои 570 со капитенската лента.
,,Среќен и воодушевен сум што потпишав нов договор со клубот. Со нетрпение ја очекувам новата сезона под водство на новиот менаџер и се надевам истата ќе биде успешна.
,,Исто така сакам да им се заблагодарам и на фановите за нивната поддршка, вие сте најдобро на светот, – изјави Тери по потшишување на договорот.
Следната 2016/17 сезона за дефанзивецот и капитен Тери ќе биде 22-ра во дресот на Челзи.
The post Капитенот Џон Тери останува во Челзи и следната сезона! appeared first on Спорти.
Source: Sporty