ДУИ има јасни ставови по однос на владењеето на правото и борбата против корупцијата и таквите ставови се претворени во формални одлуки на партијата. Најпрвин ДУИ бара институциите веднаш да се почне со сеопфатна истрага за наводите и можните информации за Мерко кои што произлегуваат од одлуката на Вашингтон. ДУИ ја прифаќа на одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во раководните органи на партијата. Како трето, ДУИ ја прекинува изборната активност во општина Струга се додека не се создадат услови за тоа. Исто така партијата ги повикува сите истражни институции во соработка со меѓународната заедница да започнат истрага за сите партии, од претседателите до најниски ешалони, истакна Бујар Османи на денешаната прес-конференција.
Османи додаде струшкиот градоначалник лично побарал да се замрзне неговото членство во раководните органи на партијата од Мала Речица. Тој истакна дека Мерко во моментов не е целосно отстранет од ДУИ.