АПТ: Галичник најубаво ќе го доживеете за време на Галичката свадба

Сподели

 

Викенд дестинација!
 
Кој бил – знае, кој не бил – ќе се покае доколку не го стори тоа набрзо. Галичник најубаво ќе го доживеете за време на Галичката свадба, но прекрасно е во секој период од годината.
 
 
Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, 12 јули. Богата е со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали: пиштењето на зурлите, чукањето на тапаните, свекрвиното оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата “Св. Петар и Павле “, како и надалеку познатата галичка носија, изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите.
 

Летните фестивали и традиционалните манифестации во Северна Македонија, код на културата на Балканот. Македонците се горди на традиционалните вредности кои останале длабоко вкоренети во порите и начинот на живот кој пулсира во ритамот на 7/8 такт, пишува на страната на Агенцијата за промоција на туризмот.

 

фотографииАгенција за промоција и поддршка на туризмот