Формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката

Сподели

 

По извршениот вонреден инспекциски надзор на ДСЗИ, денес на барање на министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје.
 
Комисијата за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од МЗ има задача да изврши надозр над стручната работа во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во врска со лекарскиот третман на родилката, информираат од Министерството за здравство.
 
По добивање на извештајот од стручен надзор јавноста ќе биде информирана за констатираната состојба.
 

Исто така, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно извештајот на ДСЗИ.